Филаделфија го изненади Сан Антонио

Изненадувањето на вечерта во неколкуте синоќешни натпревар во НБА лигата го приредија кошаркарите на Филаделфија кои со 112:108 го совлада Сан Антонио Спарс.

Предводник во победата на Филаделфија 76-ерс беше Џоел Имбид со 21 кош и 11 скокови, а го следеа Бен Сајмонс со 26 поени и Џеј Џеј Редик со 20 поени. Кај Спарс најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 24 кошови.

Бранителот на титулата Голден Стејт Вориорс славеше на гости кај Далас Маверикс со 125:122, а победничката „тројка“ ја постигна Сеф Кари на три секунди пред крајот на мечот. Кари дуелот го заврши со 32 поени, а Кевин Дјурен и Келј Томпсон додадоа по 25 кошови. Весли Метјус со 22 поени беше најефикасен кај Далас.

Бостон Селтик, водечката екипа во Источната конференција, славеа против Кливленд Каалирс со 102:88. Најдобар стрелец кај Селтикс беше Теро Розиер со 20 кошови, додека Џејсон Тејтам и МАркус Смарт додадоа по 15. Вообичаено, кај Кавалирс прво име беше Леброн Џејмс ос 19 поени.

Хјустоно Рокитс со 116:98 беа подобри од Орландо Меџикс. Хјустон играше без својот најдобар играч Џејмс Харден, па прв стрелец беше Џералд Грин со 27 кошови.

Индијана Пејсер беше поразена од Милвоки Бакс, со 101:122, додека Феникс Санс претпрепа пораз од Денвер Нагетс со 111:134.