-0.2 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Ивор Мицковски: Луѓето од новата власт се гладни за позиции

(ФБ статус на Ивор Мицковски)

Толку се кутри со луѓе, новава демократска власт, или толку гладни за позиции, што товарат едни исти луѓе со 2-3 позиции, при очигледна некомпетентост ниту за една.  Па дајте бре расчистете со ваквите пракси.

Претходно, поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ вели дека градоначалникот на Скопје наместо да се фател за работа уште пред изборите, тој ги лажел граѓаните дека има изготвено стратегија за загадувањето, за да сега лагата излезе на виделина.

-Кога зборевме за време на кампања, не продавајте само ветувања, победата ви е загарантирана, фатете се со сериозна стратегија, сега лагата излага на виделина.  Градоначалникот тек допрва ќе правел стратегија за загадувањето, а збореше пред два месеци дека ја има подготвена.  Е токму тој е односот што не вади од кожа, оваа несериозност, дилетантство, овие импровизациии и просто кажано, ова мафтање и лажење, стои во Фб статусот на Мицковски.