Нов земјотрес утрово почувствуван во Дојран

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка е почуствуван рано изутринава во 4,6 часот во Дојран.

Земјотресот потекнува од дојранското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.