
Во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот фудбалски Лига куп, лидерот на првенствената табела Манчестер Сити во вторникот вечерта го победи второлигашот Бристол Сити со 2:1, а победничкиот гол беше постигнат во последните моменти од дуелот.
Четвртопласираната екипа во Чемпионшип одлично се држеше на „Итихад“, но во последните моменти од натпреварот, сепак, попушти и манчестерските „граѓани“ се изборија за минимална победа во пресрет на реваншот кој е на распоредот на 23-ти јануари.
Гостите поведоа во 44 минута со голот на Боби Рејд од пенал кој го направи Џон Стонс соборувајќи го толку Рејд. Изедначи Кевин де Брујне во 55 минута, а победата на лидерот во Премиершип му ја донесе Серхио Агуеро во втората минута од судиското продолжение.
Во втората полуфинална двојка се среќаваат Челзи и Арсенал. Првиот меч на распоредот во средата,10-ти јануари на „Стемфорд Бриџ“, а возвратниот дуел треба да се одигра на 24-ти јануаро на „Емирејтс“.