
Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 27-та седница на која не дневен ред се изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците, а сѐ уште е неизвесно дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата.
Денеска на дневен ред е и Законот за јазиците, за кој власта досега не сакаше да се гласа во отсуство на опозицијата. Пратениците од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се врати во Собранието, бидејќи тоа го очекуваат и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Собранието по приведувањето на шест опозициски пратеници за настаните од 27. април. Токму поради притворот, неизвесно е и како ќе функционираат десетте пратенички групи на кои се подели опозицијата.