Воздухот во Скопје и денеска загаден

Воздухот во Скопје и изутринава е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 313 микрограми на метар кубен, кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми.

Бидејќи квалитетот на воздухот во Скопје два дена по ред е загаден над дозволеното ниво, повторно беа активирани мерките за ублажување на последиците.