
Намалена видливост поради појава на магла до 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонија пат„.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.