
Првиот круг од претседателските избори во Чешка влезе во саботата во вториот дена, а фаворит е сегашниот претседател Милош Земан за кој се очекува дека ќе го освои вториот мандат.
Седумдесет и тригодишниот Милош Земна ја водеше својата кампања на платформата на спротиставување на примањето бегалци и имигранти според ткн бегалски квоти на Европската унија, и се залагаше за распишување референдум за излегување на земјата од ЕУ, иако самиот го поддржува членството во Унијата.
Анкетите предвидуваат дека Земан нема да победи уште во првиот круг, па е многу веројатен вториот круг од претседателските избори, кој ќе се одржи по две седмици.
Од осумте противкандидати, во вториот круг би требало да влезе и Јури Драхош, професор по хемија, и претседател на Чешката академија на науките. Ново лице на чешката политичка сцена, 68-годишниот Драхош, изјави дека сака да направи пресврт на трендот на поларизација на чешкото општество.
Претседателите во Чешка немаат големи овластувања и влијание во извршната власт, но се важни со своето влијание во јавноста. Право на глас имаат околу 8,4 милиони Чеси, а првите резултати се очекуваат во саботата вечерта.