
Реонот на грчкиот град Лариса денеска е зафатен од силен ветер и врнежи од дожд и снег, кои предизвикаа поплави и проблеми во сообраќајот.
Поројните дождови предизвикаа поплави во реоните на Агиоскампос и Велика, кои го отежнаа, а на некои патни правци и целосно го прекинаа патниот сообраќај.
Во планиските предели околу Лариса пак се регистрирани обилни врнежи на снег, кои предизвикаа и создавање снежна покривка во областите Ливадија и Еласона.