
Корисниците од улицата Костурски Херои на потег од бул „Партизански Одреди“ до улицата „Дебарца“ во општина Центар утре ќе бидат без вода во период од 9 часот наутро до завршување на работите за отстранување на дефектот.
Прекинот во снабдувањето со вода е поради дефект на огрлица со Ф- 100мм на улицата „Костурски Херои“ бр.6.