Лавров: Русија ќе го прифати кое и да е име на Македонија

© Александр Щербак/ТАСС

Русија најверојатно ќе го прифати било кое име на Македонија кое ќе го договорат Скопје и Атина, вели шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.

Тој објаснува дека спорот за името долго време бил во „полузаспана состојба“ и дека оживеал дури откако САД решиле Македонија да влезе во НАТО.

Лавров е свесен дека Грција е веќе членка на НАТО и оти таа не треба да прави отстапки туку дека тоа треба да го направи Македонија.

„Било кое решение кое ќе го најдат двете страни и тоа биде поткрепено во македонскиот устав ние најверојатно ќе го прифатите“, рече Лавров.

„По ‘долгогодишниот полусон’ разговорите сега се интензивираат и на сите им е јасно зошто. Не станува збор за приближување на двата балкански народи, туку за желбата на некои едната од нив да стане членка на НАТО“, вели Лавров.

Неговата проценка е дека отстапките ќе треба да ги направи Македонија која сака да стане членка на НАТО, а не Грција, која веќе е дел од Алијансата.