
Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната 30. собраниската седница.
Предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика.
Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, за зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.
Бугарската вицепремиерка за правосудни реформи и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека дека Договорот од бугарска страна ќе биде ратификуван во Народно собрание во јануари.