
По завршувањето на натпреварот со Германија извесно е дека нашата селекција без разлика на исходот на дуелот меѓу Црна Гора и Словенија, ќе заврши на првото место.
Иако уште не се знаат нашите ривали за следната фаза, познати се термините на одигрување на дуелите во Вараждин. Македонија ќе добие три сободни дена и ќе дебитира во главната фаза в недела.
Натпревари на Македонија во главната групна фаза:
21 јануари – Македонија – првопласиран група Д
23 јануари – Македонија – третопласиран група Д
24 јануари – Македонија – второпласиран група Д