
Со паролата „Македонија значи Грција“, неколку грчки здруженија и организации на грчката дијаспора, почнаа протестен митинг во Солун.
Изминативе неколку дена, низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест.
Организаторите не прифаќаат било какво име за нашата држава кое ќе го содржи терминот Македонија и бараат организирање на референдум за ова прашање.
Организатори на собирот се грчки здруженија и организации од дијаспората, а имаат поддршка, меѓудругото, и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини. Преку протестот, бараат да не се користи терминот „Македонија“ во името на нашата земја.
Од политичките партии што се дел од грчкиот парламент, Сојуз на централисти и Златна зора, официјално соопштија дека ќе учествуваат во собирот, а не е исклучена можноста меѓу граѓаните да има пратеници и од другите грчки партии, меѓу кои и членови на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката влада.