
Жена е тешко повредена откако возило „лада нива“ со скопски регистерски таблици управувано од 70-годишниот Т.А. од Скопје удрило во бетонска жардиниера, во саботата на булеварот „Александар Македонски“.
Од незгодата со повреди се здобила сопатничката К.С. и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди и истата е задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.