Гастрономски инцидент во Венеција, за ручек илјада евра

Ресторан во Венеција кој буквално ги ограбил четворица млaди странски туристи ги разгнeви градоначалникот на овој италијански град на јадранскиот брег кој смета дека ваквите случаи го уриваат угледот на градот и на неговите жители.

Четворицата млади луѓе од Јапонија добиле сметка од 1.100 еврa за четири стека, пржени морски плодови и вода, плус услуга, во ресторан на Плоштадот на свети Марко, објави агенцијата Ansa.

Градоначалникот објави дека ќе го истражи случајот, откако гостите настанот го пријавиле во полицијата.

„Доколку се утврди дека овој срамен случај е точен, ќе сториме се за да ги казниме одговорните“, порача градоначалникот Лиуџи Бруњаро во неделата на Twitter.

Според агенцијата, туристите ограбени во Венеција во ресторан во сопственост на Кинез а урпавуван од Египќанец, овој гастрономски инцидент го пријавиле во Болоња, каде што студираат.