
По одигрувањето на претпоследниот натпревар во групата во Вараждин, македонската ракометна репрезентација нема шанси за полуфинале.
Трагичниот пораз од Чешка со 24-25 го коментираше селекторот Раул Гонзалез.
„Одигравме добар натпревар, но немавме среќа во последните 15 минути. Имавме шанса да играме за петто и шестот место, но сега тие шанси ни се минимални. Нашата шанса беше денеска, утре ќе биде поинаков натпревар“, изјави Раул Гонзалес.