
Билетите за најголемиот музички спектакл, Златна Бубамара на популарноста, кој годинава се одржува на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“, денес на пладне беа пуштени во продажба и распродадени за само – 45 минути.
Поради големиот интерес и повеќе од 9.000 побарувања преку он-лајн сервисот www.mktickets.mk организаторот наредниве денови ќе ги извести заинтересираните за подобар живот дали ќе обезбеди уште едно количество билети преку он-лајн продажба.