Мицотакис: Нема да дозволам да ги делиме Грците за да ги обединуваме Скопјаните

Нема да дозволам да ги делиме Грците за да ги обединуваме Скопјаните. Ова е првата реакција на твитер на Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозициската партија Неа демократија во Грција по денешната средба во Давос меѓу македонскиот и грчкиот премиер. Според сите анкети на јавното мислење во Грција, политичкиот рејтинг на Неа демократија е многу поголем од Сириза, носечката партија во владеачката коалиција.