Мајка и четири деца изгореа во пожар во Тетово

Мајка на 39 годишна возраст изгорела во пожар заедно со нејзините четири деца во Тетово.

Децата се на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете.

Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи.

Од првата помош информираа дека на три деца им била дадена прва помош заради сериозни изгореници по телото.

Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.