
Позитивни оценки од Брисел за вчерашаната средба меѓу Заев и Ципрас. Основа е за изнаоѓање решение кое ќе биде добро не само за двете земји туку и за целиот регион и за Европа, рече евроамбасадорот Жбогар. Прашан дали го дели оптимизмот дека до јуни ќе се реши проблемот со името, тој одговори дека треба да се верува во надежите на премиерите и владите на двете земји. Најави интензивни 6 месеци во релациите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Во февруари ќе биде обелоденета стратегијата за проширување, во април европската комисија ќе ги издаде извештаите за прогресот на земјите на патот кон ЕУ, а во мај е Софискиот самит.
Вчерашната средба во Давос ја оцени како охрабрувачка и бугарскиот амбасадор во земјава Иван Великов Петков. Бугарија како преседавач со ЕУ останува да го подржи секој чекор во насока на помирување и соработка, рече Петков
Споерд Петков, Западен Балкан е централен приоритет на бугарската надворешна политика и клучен приоритет на бугарското претседавање со ЕУ. Изрази убеденост дека унијата треба да ја потврди европската перспектива на сите земји од Балканот и да ги поттикне на проевропски реформи, бидејќи во спротивно ризикува нестабилност. Покрај Западниот Балкан бугарското претседавање има уште 3 приоритети: Иднианта на ЕУ со фокус на економскиот развој, сигурноста и безбедноста и дигиталната економија.