Четириесет и една жртва во пожар во болница во Јужна Кореја

Четириесет и едно лице го загуби животот а уште осумдесетина се повредени во пожарот кој избувна во петокот рано утрото во болница во јужнокорејскиот град Мирјанг.

Агенцијата Yonhap пренесува дека постојат сомневања дека пожарот избувнал на првиот кат од болницата, во просториите за итни случаи.

Мирјанг се наоѓа околу 270 километри југоисточно од јужнокорејската престолнина Сеул.

Пожарникарите евакуирале околу 200 лица кои се наоѓале во главната зграда на болницата. Јужнокорејскиот премиер Ли Нак-јеонг наложил да сеупотреби сета можнба опрема и персона за гаснење на пожарот и пребарување на болницата за да се спасат што повеќе човечки животи,

Пожарот во Мирјанг доаѓа само еден месец откако огнена стихија однесе 29 животи во осумкатница во центарот на градот Јачеон.