Жителите од населбата Бутел во вторник без вода

Прекин во водоснабдувањето во вторник од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Бутелска“, краците од број 1 до број 35 и краците од број 2 до број 14.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведба на водоводен приклучок на улицата „Бутелска“ со улицата „Александар Урдаревски“ во населбата Бутел.

Жителите ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.