Честитка од Мицковски по повод празникот „Свети Сава“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски упати честитка по повод празникот „Свети Сава“ до припадниците на српската заедница во Македонија.

Во честитката, Мицковски наведува дека ваквите празници се исклучително значајни во заедничкото почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните.

„Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка. Уверен сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите народи и со силна волја ќе градиме подобра и просперитетна Република Македонија“, се вели во честитката.