Дел од Центар утре без вода

Од 9 часот утре без вода ќе бидат корисниците од катната гаража спроти „Соравија“ и објектите од хотелот „Холидеј ин“ до Собранието на Република Македонија.

Прекинот, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, е поради промена на шибер на цевка на улицата „Филип Втори Македонски“ пред хотелот „Холидеј ин“.

Прекинот ќе трае се до санирање на дефектот