Маж ранет со пиштол

Ранет маж бил донесен во Општата болница Велес синоќа, соопшти полицијата.

Случајот го пријавило медицинско лице. Повредениот З.Б. (42) од селото Визбегово имал рана во десната потколеница нанесена од  пиштол. Како итен случај тој бил препратен е во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ноќеска.