Пожарот во Лисиче остави на улица 8-члено семејство

Осумчлено смејство, со две мали деца, вечерва остана без кров над главата. Пламените јазици ја проголтаа нивната куќа лоцирана на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

На пожарот, му преходел силен звук- пукање, кој ги вознемирил жителите на населбата во општина Аеродром.

Пожарот избил околу 22 часот, а очевидци велат дека две куќи се изгорени до темел, но за среќа нема повредени.