
Македонците во светот се обединуваат под движењето #НиеСмеМакедонија за заштита на Македонскиот идентитет, јазик и име, како и за унитарноста на Република Македонија, со организирање на протести во централни локации во своите земји.
Притоа, движењето #НиеСмеМакедонија бара од Владата на Република Македонија веднаш да прекине секакви разговори за нашето единствено уставно име што ги води со Грција, и укинување на секоја можна понатамошна процедура на противуставниот закон за употреба на јазиците во Собранието по ветото на претседателот Ѓорге Иванов.
По Вашингтон, Њу Јорк, и Норвешка, Глобалното Движење #НиеСмеМакедонија #WeAreMacedonia, вчера продолжи во Израел и Нов Зеланд, а денес ќе се оддржат протести во Асти, Италија, Женева, Швајцарија, Париз, Франција, Берлин, Германија, и Лондон, Велика Британија. Утре, недела, #НиеСмеМакедонија, викендов ќе го заврши со протест во Малта.
Во Хајфа, Израел Македонци, Евреи и Израелци искажаа поддршка за движењето со натписот #НиеСмеМакедонија напишани на Англиски јазик и Хибру. Во Окленд, Нов Зеланд, мировниот собир ги сплоти Македонците на крај на светот илјадници километри од Македонија со пеење на песни како Македонско Девојче и Дома си е Дома на Владо Јаневски. Кликнете тука за видеата.
Денес се очекува голем одзив на Македонците во Асти, Италија, Женева, Швајцарија, Париз, Франција, Берлин, Германија, и Лондон, Велика Британија со јасни пароли искажувајќи ја преку пораки, ситуацијата во Македонија.
Македонската заедница во Малта ќе го заврши викендот со мировен собир пред Парламентот на Малта.
Македонците ширум светот се интегрален дел од татковината и се мостот за иднина на Република Македонија и нејзиниот напредок. Вкупно 30 протести се планирани во само две недели од самиот почеток на глобалното движење #НиеСмеМакедонија.
Активност на движењето е петицијата #НиеСмеМакедонија која брои над 22,000 истомисленици и ќе биде испратена до претседателот, Владата и Собранието на Република Македонија.