7.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Четворица повредени во сообраќајката кај Карпалак

Четворица повредени во сообраќајната несреќа што денеска утро се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Според информациите од полицијата, И.Р.(22) од Скопје управувајќи возило Форд Ескорт со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, по што возилото се превртело на десната страна.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, кои биле префрлени во болница во Тетово.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.