
Рано утрово околу четири часот пред казино во Прилеп, по претходна расправија од страна на З.П.(54) од Прилеп со остар предмет прободени се К.Р.(25) во пределот на грбот и М.Р.(26) во пределот на стомакот.
Повредените се пренесени во Медицински Центар-Прилеп, а З.П. е приведен во Полициска станица Прилеп.