Грчкиот претседател бара Македонија да го смени Уставот

Соседната земја да направи промени што не оставаат простор за иредентизам во името, но и промени во Уставот за да се отвори патот кон НАТО и ЕУ, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на средбата со претседателот на Израел, Реувен Ривлин кој е во дводневна официјална посета на Грција.

Тој  рече дека Атина подржува европска перспективна, но и интеграција во НАТО, но „за ова предуслов е употреба на име кое не остава иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен не само на меѓународното право туку главно на европското законодавство “.

– Ако оваа земја сака да има пристап во НАТО и во Европската Унија, ќе треба да ги донесе сите оние промени што не оставаат никаков простор за иредентизам во нејзиното име. Кога велиме промени, мислиме во главно на промените што се однесуваат на нејзиниот правен поредок, на нејзиниот Устав. Кога ќе ги донесе овие промени , тогаш се отвора патот кон ЕУ и кон НАТО, посочи Павлопулос.