
Територијата на Македонија, како што беше претходно соопштено е под влијание на ткн африкански бран и на невообичаено топла воздушна маса којашт во понеделникот услови невообичаено високи температури на воздухот па така најтопол град беше Гевгелија каде се измерени 18 Целзиусови степени.
Во следните два до три дена во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот можно е да бидат дури и повисоки и истите може да се искачат дури и до околу 20 степени.
Очекуваните температури за следните неколку денови но и оние кои ги имавме денес (понеделник) се повисоки од нормалните дури за повеќе од 10 степени што е премногу.
Сепак во ноќните и во утринските часови ќе биде релативно студено па така понекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат во негатива.
За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ