Вчера, околу 16.00 часот во Казнено – поправната установа Идризово затвореникот Р.Ѓ. (45) од с.Јурумлери, скопско, бил удрен во пределот на носот од страна на затвореникот А.К.
На Р.Ѓ. му била укажана медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.