
Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, смета дека сега е вистински момент за решавање на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција, откако ги слушна мислењата на двете страни, на денешните средби со државните лидери во Скопје, односно при посетата на Атина.
– Доаѓам од Атина каде што ги слушнав нивните мислења за прашањето за името, а денеска имав средби и со претседателот Иванов, премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Димитров, со чии гледишта се запознав. Не сакам да ги потценам прашањата, ниту мислењата. Процесот оди напред, кај двете страни има војла да се најде решение. Се создава позитивен момент што треба да се искористи. Сега е вистинското време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, а да продолжи соработката и пријателството меѓу двете земји, Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист, – порача Нимиц.