
Руски борбен авион од типот „Су-25“ е соборен во саботата во сириската покраина Идлиб, пилотот се катапултирал но загинал во престрелка со терористите, ги потврди руското министерство за одбрана тврдењата на сириските вооружени групи од сунитската опозиција поддржувана и вооружуван од западните земји, но која не е идентификувана во своите објави во западните медиуми, а во одмазнички напад подоцна во текот на денот убиени се десетици екстремисти.

„При извршување на рутински лет над зоната на деескалација во Идлиб се урна руски авион Су-25“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.
Се истакнува дека пилотот имал време да се катапултира во област којашто ја контролира џихадистичката бунтовничка група Џебхат ан-Нусра, сириското крило на терористичката мрежа Ал Каеда.
„Во текот на борбата со терористите, пилотот загина“, додаваат од руското минситерство.
Рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија заедно со турската страна заедно со турската страна, којашто е одговорна за зоната на деескалација „Идлиб“, преземаат мерки за враќање на телот на рускиот пилот.
„Според првичните информации, авионот бил соборен од пренослив ракетен противвоздушен систем“, додаваат од руското министерство за одбрана, пренесува руската новинска агенција РИА.
Авионот „Су-25“ наводно бил соборен во близина на градот Маарет ал-Нуман во северозападната покраина Идлиб, рекол локален командант, пренесува германската новинска агенција DPA, која не го открива неговиот идентитет ниту на која бунтовничка група ѝ припаѓа.
Тој тврди дека наводно пилотите биле фатени околу пет километри подалеку од местото на падот.
Сириската армија во јануари повторно ја зазема блиската стратешка воздухопловна база Абу Духур од бунтовниците. Идлиб е последното упориште на опозициските сунитски сили во кои доминантна е групата Хаџат Тахрир ал-Шам, сојуз кој исто така, е поврзан со Ал Каеда
Русија е главниот сојузник на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад чиишто сили последните месеци бележат територијални победи против бунтовниците коишто нивните западни поддржувачи ги опишуваат како „умерени“ и против исламистичките милитатни.
Подоцна во саботата во руски напад со оружје со голема прецизност, од засега непозната локација, убиени се 30 екстремисти во сириската покраина Идлиб, каде што претходно беше соборен рускиот борбен авион а пилот беше убиен, соопшти руското министерство за одбрана, пренесе агенцијата ТАСС.
https://www.youtube.com/watch?v=KEA08z6VLgg