ВМРО-ДПМНЕ: Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека апсењата за настаните во Собранието на 27 април се политички монитрани случаиво кои се кршат основните човекови права се осудени лично комесарот за човекови права на Советот на Европа.

ОЈО и судот со своето делување ја стават Македонија на мапата на држави со политички затвореници. Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ. Десетината патриоти и пратеници се дел од хајката без аргументи по политичка нарачка.

Правосудните органи не смеат да се ставаат над законот, Уставот и меѓународните договори. Притворот не смее да се користи како казна за шиканирање на политичките неистомисленици”, пишува во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Кршењето на човековите права, според партијата, сериозно ќе ги загрозат евроатланските интеграции на Македонија.

„ОЈО и судот можат да стават крај на овој политички монтиран случај, во интерес на Уставот, демократијата и правната држава”, се додава во соопштението.