
На патниот правец Кичево – Битола кај село Белица, поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП Македонијапат со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.
АМСМ информира дека по една коловозна лента се одвива и сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец поради вода на патот.
Поради излевање на водата од Голема Река на влезот за село Долно Орашје-Тетово, во целосен прекин е патниот правец кој води од Јегуновце кон Радуша – Скопје.