
Здравјето на претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е влошено по долгогодишното конзумирање големи количества алкохол и мрсна храна.
Откриено е дека „големиот лидер“ воопшто не внимава колку јаде и пие уште од тинејџерските години. Неофицијално, Ким годишно троши повеќе од 30 милиони долари на алкохол, а омилени пијалаци му се најскапите виски и шампањско. Ким ужива и во француски цигари, а цената на една кутија е 44 долари.
Севернокорејскиот лидер најмногу сака да јаде бифтек од кобеанско говедо и разни видови сирења, а јаде и многу суши.
Според медиумите, поради дебелината Ким има многу здравствени проблеми, како висок крвен притисок и дијабетес.