
Декемврискиот извештај „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите, во кој се бара влез на Македонија во НАТО и без решение на спорот со името, е усвоен еден месец по посетата на претседателот Ѓорге Иванов на Велика Британија.
Македонскиот претседател на 1-ви ноември 2017 година во Лондон оствари средба со спикерот на Домот на лордовите, Лордот Фаулер.
На оваа средба, во пресрет на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија што се одбележува годинава, претседателот Иванов ја повторил потребата од интеграција на земјава во Европската унија и во НАТО, и го искажал очекувањето да продолжи британската поддршка кон регионот и кон Република Македонија, и покрај Брегзит.
Инаку, во својот извештај „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ од 13-ти декември 2017 година, Комитетот на надворешни односи на Домот на Лордовите, се наведува дека британската влада треба да поддржи мерки да ѝ помогне на Македонија да се приклучи на НАТО, со или без решение на прашање за името.