Села бара 500 илјади евра отштета за тепањето во Собрание

Зијадин Села бара 500.000 евра отштета за тепањето во Собранието лани на 27 април.
На денешното рочиште во Основниот суд , неговиот адвокат Абедин Абдули рече дека оштетениот Села бара 30 милиони денари отштета.

Адвокатот прецизираше дека во оваа сума се опфатени трошоците за лекување како и физичката болка, душевните повреди, претрпениот страв и болка и повредата на личниот идентитет.
Според најавите на адвокатот Села денес ќе се појави во судница. Во моментот се сослушуваат сведоци.