
Фудбалерите на Тотенхем се последните учесници во осминафиналето на годинешната сезона од најстарото фудбалско натпреварување на светот, англискиот ФА куп, откако во повторениот дуел од 4-то коло на „Вембли“ го совладаа со 2:0 (2:0) Њупорт Каунти, член на четвртата лига.
Тотенхем поведе со автоголот на Батлер во 26 минута, а конечниот резултат го постави Ламела во 34 минута. Во осминафиналето „мамузите“ ќе гостуваат кај третолигашот Рочдејл.
Другите двојки во осминафиналето ги сочинуваат се Лестер Сити – Шефилд Јунајтед, Челзи – Хал Сити, Шефилд Веднсдеј – Свонси Сити, Брајтон енд Хоув Албион – Ковентри Сити, Вест Бромвич Албион – Саутемтпин, Гадерсфилд Таун Манчестер Јунајтед и Виган Атлетик – Манчестер Сити. Натпреварите ќе се играат од 16-ти до 19-ти февруари.