
Бездомник утрово е пронајден починат пред Зелено пазарче во Скопје.
Како што јавуваат медиумите, пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето во центарот на Скопје.
Од полицијата велат дека станува збор за педесетгодишен маж, а случајот во полиција бил пријавен во 6.30 часот.