
Сообраќајот на делницата Деморк Капија – Неготино во саботата вечерта беше во прекин поради сообраќајна незгода која се случила вечерва.
Сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Неготино, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, втора во текот на денот, е нормализиран во двата правца, информираа од АМСМ.
На планинскиот премин Ѓавато вечерва во 19 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Поради врнежите од снег има забрана за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар и планинските премини Стража и Пресека.
Поради врнежите од снег сообраќајот кај превојот Стража во текот на целиот ден се одвиваше со потешкотии со повремени застои.