
Двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, во саботата попладнето заталкале се изгубиле на падините на Попова Шапка.
Тие се јавиле на пријатели на кои можеле само да им кажат дека се наоѓаат покрај некоја карпа, по што околу 15 часот случајот бил пријавен во СВР Тетово.
Во потрага по загубените излетници биле ангажирани полицајци од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба.
И поркај силното снежно невреме, некаде околу 17,50 часот тие биле најдени премрзнати, по што биле пренесени во Полициското одделение Попова Шапка.