Меркел пред критичарите ги брани отстапките за социјалдемократите

Бунтот без преседан се случува во конзервативната партија Христијанско-демократска унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, каде што мнозинството ја обвинува дека прави премногу отстапки на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) за да остане на власт

Во CDU многумина, а во прв ред младината на конзервативците, ја повикуваат париската челничка и канцеларка Ангела Меркел да го подготвува својот наследник, меѓутоа да одбива следните четири години да го препушти четвртиот последователен мандат со кој би се изедначила со легендарниот канцелар и нејзин политички творец Хелму Кол кој 16 години ја водеше владата на Германија.

„Се обврзав пред народот за четири години и секако дела ќе го почитувам тоа ветување“, изјави Меркел на државната германска телевизија ZDF

Меркел, исто така, ги отфрли критиките дека повеќе нема авторитет по повеќе од дванаесет години на чело на првата европска економија. „Не, тоа не е мојот впечаток“, рече канцеларката и призна дека нејзината партија ги поставува тоа прашање.

Меркел веќе е ослабена по незадоволството на јавното мнение од доаѓањето на повеќе од милион имигранти во земјата од 2015 година, за што е обвинета нејзината политика на отворени граници, а потоа и од разочарувачкиот и историски слаб резултат кој нејзината партија го оствари на парламентарните избори кон крајот на ланскиот септември, иако заедно со сестринска баварска партија Христијанско-социјална унија (CSU) повторно има најмногу пратеници.

Сега Меркел ќе мора да се соочи со бунтот во CDU поради отстапките што ги прифати за во средата да биде постигнат договор со SPD, што и го овозможува апсолутното мнозинство во Бундестагот и четвртиот мандат.

Канцеларката мораше на социјалдемократите да им го отстапи министерството за финансии, што демохристијаните го доживуваат како гаранција за буџетската строгост. Меркел во неделата призна дека станува збор за „болна“ отстапка. Во дневниот весник Bild претставникот на CDU, Волфганг Вошбах тоа го нарече „прекубројна“ отстапка.

Влијателниот политички неделник Der Spiegel ситуацијата во текот на викендот ја илустрираше на насловната страница со цртеж на кој канцеларката е целосно без облека којашто ја украл SPD.

„Одговорен шеф на партија би требало да размисли за наследник, но не слушаме ништо за тоа“, истакна Кристијан Вагнер кој бара „промена на правецот“.

Политичкиот потрес кој го доживеа Германија на парламентарните избори со очајните резултати на етаблираните партии и пробивот на европскептичната и антидоселеничка крајна десница, што го компликува формирањето на мнозинството, и натаму предизвикува дополнителни потреси во атмосферата на политичкото прегласување. Губењето на министерството за финанси меѓу демохристијаните предизвика остри критики упатени кон Ангела Меркел, којашто противниците ја сметаат за најодговорна за одливот на конзервативните гласачи кон крајната десница.