
Две лица на возраст од 33 години рано изутрината во Полициската станица Центар пријавиле дека во 3 часот биле физички нападнати од страна на четири непознати лица пред ноќен бар на ул. „50-та Дивизија“.
МВР информира дека напаѓачите ги удирале лицата Е.Д. и В.К. со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.