Зголемен бројот на туристи

Во текот на декември 2017 година Македонија ја посетиле 51.599 туристи кои оствариле 103.721 ноќевање, што е раст за 22,6 отсто во бројот на туристи и за 28 отсто во бројот на ноќевања во однос на истиот месец претходната година.

Бројот на домашните туристи пораснал за 19 отсто, а на странските за 24,7.

Во 2017 година бројот на туристи во споредба со 2016. пораснал за 16,6 отсто, додека бројот на ноќевања се зголемил за 12,8 отсто.