
Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис денеска изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, и дека ова име го поделило светот, а тоа е лошо за сите.
Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун мислат дека доаѓаат во Скопје, пренесе МИА.