
Симболичен беше денешниот настап на Ставре Јада, првиот Македонец кој се појави на Зимската олимпијада во Пјонгчанг.
Јада се појави на стартот на квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. и заврши на 80.место.
Македонецот на целта стигна со време 4:23.85 минути, односно 1:15.31 минута побавно од првопласираниот.
Најдобро време во квалификациите оствари Ристомати Хакола – 3:08.54 минути.
Пласман во следната фаза обезбедија најдобрите 30 спринтери.