Габриел: За влез во ЕУ, Србија треба да ја признае независноста на Косово

Германскиот министер за надворешни работи ја повика Србија да го признае независно Косово, зашто тоа е главен услов да биде примена во ЕУ.

Основен услов заСрбија да биде примена во ЕУ е да ја признае независноста на својата поранешна провинција Косово, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на синоќешната заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Приштина. Освен тоа, централна улога има функционирањето на правната држава, а ваквата порака, као што рече, Габриел ѝ ја пренесол на српската влада при посетата на Белград.